По повод традиционалниот празник 4 Јули популарниот модел Криси Тиген заедно со својот сопруг Џон Леџенд приреадија домашна забава. 30 годишната манекенка по само неколку месеци од раѓањето на своето прво дете – малата Луна Симоне изгледаше прекрасно во совршена летна комбинација за забава покрај базен. Таа избра краток бел топ и тексас шорцеви со висок струк, целокупната комбинација ја заокружи со долг бел блејзер, сандали во месо боја и чокер огрлица..