Ако треба да дефинираме со зборови како изгледа кул дама тогаш би кажале дека таа е оригинална, искрена, свесна за своите квалитети, подготвена да ги подржи луѓето кои ги сака и која е енергична и смела.
Цврсто сме уверени дека ваквата дама може да ги каже следните реченици на глас и без двоумење.
“Не“
Оваа дама не се воздржува да каже “не“ кога смета или чувствува дека за тоа нешто не е подготвена или не и е доволно важно.
“Не“ е целосна реченица за кул жена која нема да “падне“ на туѓо влијание и под притисок од околината. Таа едноставно го цени своето мислење.
“Немам време“
Кога кул дамата нема време или ресурси да направи услуга или да помогне, таа ќе биде искрена и нема да дава лажни ветувања или изговори без да се плаши дека другите ќе ја исфрлат од нивниот живот бидејќи таа знае колку вреди и дека луѓето на кои им е навистина важна ќе ја разберат.
“Ми беше задоволство“
Кога некој ќе ја пофали таа ќе одговори со “Ми беше задоволство“ или “Ти тоа го заслужуваш“, наместо со “Нема за што“ или “Тоа е ситница…“, бидејќи таа го цени своето време, енергија и труд кој го вложила да му помогне на некого.
“Да“
Таа нема да се воздржи и да каже “да“ на интересна покана, на нови активности, на нови познанства, пријателства, животни и деловни можности без разлика колку тоа е надвор од нејзината зона на комфор.
Таа знае дека тоа е најдобар начин да го зачини животот со нови возбудувања и авантури како на приватен така и на професионален план.
“Да ги искаже своите желби и потреби“
Не се плаши да биде искрена, отворена и јасно да комуницира за своите желби, ставови и потреби без разлика дали станува збор за партнерот, пријателите или членовите на семејството.
Таа знае дека вистинските, искрените и длабоките односи се темелат на меѓусебно почитување на потребите и дека за квалитетна врска потребно е да се даде љубов, грижа и внимание.
“Да ги покаже своите слабости“
Не се плаши да ги признае своите слабости и да ги прифати како дел од својата личност бидејќи знае дека луѓето кои навистина ја почитуваат ќе ја прифатат таква каква што е со сите нејзини доблести и мани.
Во исто време таа работи на себе за секој ден да е се подобра како на приватен така и на деловен план.