Категории

Нови фотографии од iPhone 7: Дали долгоочекуваниот паметен телефон ќе изгледа токму вака?

Новите фотографии ни ги потврдија бројните шпекулации коишто кружат во врска со овогодинешниот модел на Apple iPhone.

Порталот Nowhereelse.fr објави фотографии на коишто јасно се гледа претстојниот iPhone. Фотографиите делуваат легитимно и ги поткрепуваат гласините коишто во текот на последните месеци кружат на интернет мрежата.

Секако, на фотографијата се прикажани рани прототип уреди, со оглед на тоа дека на позадината е отсутен iPhone натписот.

Линиите за антената сега не се наоѓаат на позадината на телефонот, туку тие се сместени на горните и долни рабови.

Друго нешто коешто овие фотографии го потврдуваат е фактот дека Apple ќе ја зголеми леќата на камерата кај новиот iPhone модел, како и тоа дека таа и понатаму ќе биде конвексна. Од друга страна пак, Plus моделот наводно ќе добие камера со две леќи.

Нажалост, долниот раб на телефонот не е прикажан, па не е познато дали Apple кај новиот iPhone ќе го отфрли 3.5-милиметарскиот влез за слушалки и наместо него ќе остави само “lightning” порт.

Погледнете:


3

4

5

6

Прегледи:
779
Објавено на:
13.07.2016