Ниe жените имаме турбулентна врска со нашите градници. Тие се елегантни, убави симболи на женственост кои мразиме да ги носиме. Ни даваат потребна поддршка и ги држат градите подигнати. Но, колку тие навистина се корисни?
Можеби ќе се изненадите кога ќе чуете дека голем дел од предностите на градниците се малку претерани. Иако секако зависи од типот на телото и нивото на комфор, постојат голем број ситуации во кои градникот е комплетно непотребен.
Всушност, постојат големи бенефиции ако престанете да носите градник, а ова се неколку од нив:
1. Ќе ви стане поудобно
Има неопислива убавина во отстранување на градникот на крајот од денот, а задоволството е двојно поголемо ако градникот е премногу тесен, ве чеша или нешто друго на него ви смета. Е сега, замислете таквото чувство на удобност и слобода да го имате секој ден, цел ден.
2. Може да заштедите пари
Макар и на распродажба, квалитетниот градник не е евтин. А честопати процесот на пронаоѓање совршен градник во вистинската големина ве изморува толку многу што на крај не ја ни гледате цената. Зошто да не заштедите и не купите нешто што навистина го сакате и ви треба?
3. Градите нема да ви опаднат
Голем број жени и девојки мислат дека мора да носат градник, бидејќи градите ќе почнат да им свиснуваат и ќе ја изгубат нивната форма. Вистината е дека градниците всушност имаат спротивен ефект – т.е.с о текот на времето градите ја губат својата форма. Тоа е затоа што поддршката од градникот ги ослабува градните мускули правејќи градите да опаднат.
4. Ќе ви се подобри формата на градите
Не мора баш секогаш да не носите градник, но ако создадете навика дека ви е подобро да не носите градник, вие ќе ја подобрите формата на градите. Ако сакате градите да ви изгледаат пополни, позаоблени и поподигнати, тогаш ако не носите градник по некое време ќе видите резултати.
5. Ќе ја подобрите циркулацијата
Никогаш не би помислиле дека градникот е поврзан со проблеми со кардиоваскуларниот систем, но би се изненадиле на неговото влијание. Размислете: што е градникот ако не големо гумено јаже кое го притиска вашиот граден кош? А цела таа затегнатост и притискање може да ја забави циркулацијата, така што ги компресира вашите големи крвни садови.
6. Може да ви се зголемат градите
Голем дел од нас посегнуваат по градниците со „push up“ ефект кога сакаат нивните гради да изгледаат раскошно – тоа навидум изгледа како најлесниот начин да создадете деколте и илузија за поголеми гради. А, всушност најдобриот начин да ги зголемите градите е да не носите градник.
Тоа е така бидејќи ако ги оставите градите природно да висат, тогаш природно ги терате пекторалните мускули да работат и да се противат на гравитацијата. Иако градите нема да ви пораснат, зацврстените мускули ќе направат да изгледате пополно.
7. Ќе го подобрите здравјето на градите
Мал е бројот на жени кои го погодуваат вистинскиот број и модел на градник. А, кога градникот не стои добро, тогаш може да се јави болка во градниот кош, губење на здив и други медицински проблеми. Ако не носите градник вие го подобрувате здравјето на вашата кожа и мускули, циркулација, им давате дефиниција на мускулите, а потта и нечистотиите не се заробени од материјали кои не ја оставаат кожата да дише.
8. Вашиот сон ќе се подобри
Ако не можете да заспиете навечер, тогаш вината можеби се крие во вашиот градник. Едно е сигурно, ако носите градник навечер, тоа ќе доведе до неизбежна неудобност и проблеми со спиењето.
Дури и ако не носите градник навечер, тие сепак можеби предизвикуваат проблеми така што влијаат на вашиот Сиркадијски ритам и ве спречуваат добро да се наспиете.