Сопруг и сопруга кои имаат по 80 години на несекојдневен начин ја одбележаа57-годишнината од бракот. Долгогодишните партнери од Ирска наместо со романтична вечера во ресторан, прославија со тоа што завршија маратон држејќи се за раце.
Во далечната 1986 година, Џо и Кеј О’Реган го завршиле својот прв маратон заедно, поминувајќи ја целта држејќи се за раце, а сега го повторија тоа во Лондон трчајќи на патека од 800 метри, со што привлекоа големо внимание.
Џо изјавил дека биле изненадени од вниманието кое го добиле. „Ние не сме специјални или извонредни. За нас, трчањето е само нешто што го правиме“ – изјавил тој. „Јас можеби изгледам како да имам 80 години, но не се чувствувам така“ – додал Џо.
Ова е 113-ти маратон во кој има учествувано Кеј. Таа има победено 4 пати на маратони во Ирска на 60, 65, 70 и 75-годишна возраст.