Младо момче од Мурсија, успеа да исплива до јахтата на Лео Меси, и успеал да разговара на кратко со него, иако претходно сам себе си нанел штета.
Момчето кога го здогледал Меси во непосредна близина, решил да исплива до јахтата која била доста одалечена од местото каде престојувал момчето на плажата, па по патот го загубил и телефонот, но се пофали со фотографија од Меси.
Момчето својот скап телефон го ставил во пластична кеса која не пропушта вода, и се упатил кон јахтата на Меси.
„Тоа ми беше околу еден километар пливање. Сакав да стигнам до фотографија со Меси. Тој ме повика да се качам на неговата јахта, ми понуди сок и малку разговаравме. Тоа е неверојатно искуство за мене. Останав без телефон, но добив фотографија со Меси“, раскажува момчето кое е пресреќен поради кратката средба со Меси.
Уште поинтересно е тоа што момчето му признал на Лео Меси дека навива за Атлетико Мадрид, но дека многу го почитува.
Извор : sportclub.mk