Фондацијата Леонардо Ди Каприо организираше хуманитарна вечера во Сент Тропе, на која беа поканети многу ѕвезди. Меѓу нив беа поканети најубавите манекенки, кои моментално владеат на светските модни писти и без кои Леонардо не може.
Меѓу нив беа и четири Ангели на Викторија Сикрет, кои за време на вечерта имаа сопствена забава на луксузна јахта и тоа забава во костими за капење.
Многу од нивните фанови би сакале да бидат во друштво на Лили Доналдсон, Констанс Јаблонски, Алесандра Амбросио, Доуцен Кроус, Џоан Смолс. Овие убавици за среќа се многу активни на социјалните мрежи.