Категории

Откако излезе од затвор, реши да стане модел

Синот на Мајкл Даглас, 37 годишниот Камерон Даглас, неодамна излезе од затвор, каде помина седум години. Тој моментално ужива во новата слобода во Њујорк, а папараците го “уловија” како се шета со својата девојка, Вивиен Тибс.

Најстариот син на Мајкл Даглас неодамна е пуштен од затвор, каде одлежа седум години, поради поседување на дрога.

Американските медиуми пишуваат дека решил да стане фотомодел, а на градите го истетовира ликот на својот татко.

Камерон Даглас во моментов живее во стан во Бронкс, работи за една компанија која се занимава со  филмска продукција, а планира да напише книга за своите искуства во затворот.

q2

Камерон Даглас едно време се надеваше дека ќе стане актер како татко му и дедо му Кирк Даглас, а потоа во јули 2009 година, тој беше уапсен во хотел во Њујорк.

Наредната година наредната година тој ги издаде своите дилери и благодарение на тоа, наместо десет, доби пет години затвор. Во 2011 година, казната му беше зголемена за четири години, поради шверц на хероин и наркотици.

q3

q4

q5

Прегледи:
404
Ознаки:
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
05.08.2016