Категории

ВЕЧЕРВА ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО!

Вечерва поради продор на студена воздушна маса од север се очекува значителен пад на температурите и за повеќе од 10 степени.

Вечерва и во текот на ноќта локално ќе биде нестабилно проследено со дожд и грмежи.

На некои места можно е процесите да бидат поинтензивни но сепак овој бран е брз и далеку послаб за разлика од минатиот.

Утре (12.08.2016) времето ќе биде променливо облачно , свежо и доста ветровито со сончеви периоди.

Во предпладневите часови сеуште ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе дува засилен , на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Минималната температура ќер се движи од 8 до 16 степени.

Максималната температура ќе се движи од 19 до 27 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Прегледи:
414
Објавено на:
11.08.2016