Категории

Мачка “посвои” мало мајмунче чија мајка го отфрли

Откако неговата мајка го отфрли, мајмунчето Фјодор, старо само три недели пронајде нова мајка – шеснаесет годишната стара мачка Росинка. Нив ги спои Татјана Антропова, директорка на зоолошката градина во сибирскиот град Тјумен, каде е родено ова слатко мајмунче.

Иако Фјодор постојано ја гризе својата “мајка”, мачката внимателно го чува и се грижи за него. Според пишувањето на порталот “businessinsider.com”, овој процес ќе потрае уште некој месец.

Потребно е многу време за да зајакне мајмунчето за да може да се врати во зоолошката градина за да живее со другите мајмуни.

Прегледи:
449
Објавено на:
24.08.2016