Категории

Улогата на најдобрата пријателка во вашиот љубoвен избор

Секоја жена треба да има најдобра другарка, која истовремено ќе ѝ биде поддршка, заштитник, глас на разумот, проценувач… сфативте за што зборуваме?!

1 Вашите вкусови треба да се разликуваат (кога се работи за мажи!).

Во спротивно ќе имате проблем поради судир на интересите. Го знаете она: „Само напред, ти го виде прва“.

2 Направете го првиот чекор за неа.

Да започнете разговор со некој што ви се допаѓа може да биде стресно. Затоа е многу подобро вашата пријателка да направи вовед, а потоа постепено да ве вовлече во разговорот. Тука најчесто „палат“ вообичаени фрази. На пример, момчето може да искоментира дека му се допаѓа некоја песна што ја слуша, а вие немојте да кажете: „Навистина! Другарка ми ја обожава таа група“. Подобар одговор е: „Еј, Сузе, зар тоа не е групата чии песни постојано ме тераш да слушам?“

3 Дајте им малку простор.

Секогаш имајте на ум дека вашата улога е само да обезбедите контакт и почеток на разговорот помеѓу вашата пријателка и момчето што ѝ се допаѓа, а потоа да се повлечете. И двете ќе се чувствувате лошо доколку момчето покаже поголем интерес за вас. Ако сметате дека е подобро да останете отколку нагло да станете и да си заминете, продолжите да муабетите со неговиот (иритантен) другар, додека вашата пријателка и нејзината симпатија непречено се запознаваат.

Прегледи:
396
Објавено на:
02.09.2016