Категории

НАЈГОЛЕМИТЕ НЕСИГУРНОСТИ НА МАЖИТЕ

Секогаш се вели дека девојките се понесигурни од момчињата но дури и најсигурните момчиња кои ги запознавате имаат свои дилеми и несигурности. Всушност, секогаш ќе има некој кој е повисок или пак побогат од нив, со поголеми мускули или пак подобра фризура.

. Доколку се прашувате кои се најчестите работи околу кои мажите се несигурни, ние ви одговараме.

Висина

Секако дека овој проблем не го имаат сите мажи, но сепак е многу честа причина за несигурност. Девојки, само помислете како  одговарате на прашањето „Како според вас изгледа совршениот маж?“ Сигурно некогаш во животот сте одговориле: „Висок, црн и згоден.“ Висок е на прво место! Не е тајна дека сите сакаме високи мажи, па со право висината се претворила во една од најголемите несигурноти.

Големината на пенисот

Ова може да биде и извор на самодоверба во зависност од тоа како тој се чувствува со она што го има, но некои мажи се навистина несигурни токму поради некои поставени „стандарди“. Најпрво оваа несигурност се јавува поради големината на пенисите во порно филмовите, но исто така и од разговори со пријатели и искуства кои ги имале со претходните партнерки.

Во нашата култура и општество машкоста и големината на пенисот се нераскинливи. Доколку маж почне да верува дека има мал пенис тогаш ќе почне и да го мрази целото свое тело.

Мускулна маса и вежбање

Мускулната маса може да се создаде, но сепак вашето момче не би сакало ниговата девојка да е во друштво на други мажи кои изгледаат подобро од него. Тие знаат дека мускулестите тела се привлечни за жените и веднаш почнуваат да се чувствуваат несигурно. Некои мажи имаат голем проблем со качувањето килограми и мускулна маса особено доколку напорно работат и имат ограничено слободно време. Навистина не е лесно да се храните здраво и да вежбате секој ден за да го постигнете телото кое го сакате. Па девојки и сами знаете колку е напорно да се вежба!

Пари

Мажите веруваат дека жените ги привлекуваат парите и богатството како и сигурноста која доаѓа со нив. Секако дека ова е вистина, но некои мажи се навистина опседнати со помислата дека некој побогат од нив ќе им ја украде девојката. Ваквите мажи ќе мора да сфатат дека постојат поважни работи од богатство и пари, а истото важи и за некои девојки кои направиле парите да станат огромна несигурност во животите на мажите.

Популарност

Мажите (исто како жените) уживаат во популарноста. Тие сакаат да излезат и да имаат еден куп пријатели, но доколку ова не се случи тие почнуваат да се чувствуваат несигурни и срамежливи. Како што поминуваат годините луѓето се ограничуваат на тесен круг пријатели и тоа воопшто не е чудно. Но, социјалните медиуми наметнуваат резлични сфаќања и вреднисти според кои еден човек не е популарен доколку нема големо друштво и не организира забави секој викенд.

Прегледи:
298
Објавено на:
05.09.2016