Многу често ни е тешко да си ги признаеме слабите страни и секогаш наоѓаме најразлични изговори за да ги оправдаме. Исто така поголемиот дел од животот го поминуваме чекајќи нешто да се случи, нешто да заврши, нешто да почне. Тоа нешто е всушност самиот наш живот. Па зошто чекаме? Време е да се соочите со неколку непријатни вистини и да почнете вистински да живеете.
Сите најпрвин гледаат за себе
Дури и најљубезните, најмилите и најхуманите луѓе на прво место ги ставаат сопствените потреби. Повеќето од луѓето го црпат сето она што можат од вас па не дозволувајте да бидете искористени и на крајот на денот да сфатите дека всушност ништо не сте направиле за себе.
Поставете си граници и не дозволувајте останатите да ги преминат. Мора да знаете дека сами треба да се борите за себе затоа што никој тоа нема да го направи место вас.
Никој не е „презафатен“ за да ви одговори
Без разлика дали се работи за смс порака, за порака на Фејсбук или пак за повик, не им верувајте на луѓето кога ќе ви речат „Извини, навистина бев многу зафатен/а.“ Запаметете дека доколку навистина им значите, ако треба и ќе измислат време за да ви одговорат или пак да ве видат. Тргнете од себе, сигурно секогаш прво им одговарате на оние луѓе кои ви се поважни и поблиски.
Доколку некој не ви одговори тоа не е затоа што се „зафатени“ туку затоа што одбрале да не ви одговорат. Колку порано се соочите со вистината дека на некои луѓе не сте им толку важни колку што мислевте, толку побрзо ќе се зближите со оние кои навистина ве почитуваат.
Невозможно е да ги усреќите сите
Доколку пробате да правите сé што кој било ќе ви каже и да исполнувате желби на секого, тогаш веројатно ќе полудите! Запаметете дека не може да им служите на луѓето и не може сите да бидат задоволни со вашите избори и постапки.
Секогаш ќе постојат оние кои нема да ви го одобрат изборот за кариера или пак одлуката да немате деца. Ќе ве критикуваат што и да направите. Па затоа донесете одлука со која ВИЕ се согласувате и не грижете се за останатите.
Си наоѓате изговори
Велите дека сте немале доволно време, енергија или пак пари да го постигнете вашиот животен план? Не се лажете! Можете да го поминете цел живот во наоѓање вакви лажни изговори за работите кои не сте ги постигнале но подобро е да наједте начин да ги надминете пречките наместо да се откажете и жалите.
Дела наместо зборови
Колку често ја слушате оваа поговорка, а ништо не преземате за таа да се исполни. Сите имаме големи планови: за подобра иднина, за поубав свет, за почиста околина. И сето ова е одлично, но е навистина неважно доколку само зборуваме за тоа, а ништо не правиме.
Затоа разбудете се и почнете да ги реализирате сите ваши планови, дури и оние малечките кои мислите дека се неважни, како на пример да си го средите плакарот. Па, мора да се почне од некаде!