Измамите на Интернет се многу честа појава, а една од најстарите повторно е актуелна на социјалните мрежи и веројатно сте виделе дека и вашите пријатели ја споделуваат. Во прашање е линк кој наводно ве носи на страна или апликација која ќе ви отркие кој го гледа вашиот профил. Од компанијата до сега во неколку наврати демантираа дека постојат такви опции, нагласувајќи дека никогаш не би дозволиле кршење на приватноста.
“Фејсбук не нуди можност на корисниците да видат кој им го гледа профилот, ниту пак на било кој начин дозволуваме поединци да имаат пристап до такви информации.” – изјави портпаролот на Фејсбук.
Тие кои ќе го кликнат тој линк ќе се најдат во опасност. Не само што нема да дознаат кој им го гледал профилот, туку и нивниот профил може да им го гледа личност со скриени намери, па дури и да им го украде.