Категории

Хороскопот открива: Каде ќе ја запознаете вашата сродна душа според хороскопски знак

Доколку сте во потрага по своја сродна душа, обидете се на места каде што е најголема шансата да сретнете луѓе кои најдобро одговараат на вашиот хороскопски знак, односно почитувајте ги овие правила на четирите елементи. 

Огнените знаци се склони кон спортови и игри во кои се потребни посебни вештини. Земјените знаци се тесно поврзани со природата и разни креативни активности. Воздушните повеќе тежнеат кон интелектуални цели и истражувања, додека Водените најдобро се снаоѓаат кога се бават со уметност и духовност.

Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец)

Тие се енергични, ентузијасти и многу друштвени. Луѓето со кои управува овој елемент често се во движење и својата енергија вообичаено ја полнат на места каде што има многу физичка активност. Затоа, ако сте во потрага по Овен, Лав или Стрелец често ќе ја најдете својата сродна душа во теретана или на игралиште. Приклучување на некој клуб или било кој друг спортски тим, може да биде предност во вашата романтична потрага.

Огнените знаци се многу натпреварувачки настроени, па затоа и тие може да си ја пронајдат својата љубов на некои спортски настани, турнири или било какви други натпревари. Тие се импулсивни и повеќе им одговараат места каде што луѓето може да се изразат без стравови или притисок и каде се опуштени и свои.

Земјени знаци (Бик, Девица, Јарец)

Луѓето со кои управува земјениот елемент се сензуални, стабилни и практични. Затоа, Бик, Девица и Јарец преферираат прибегнување кон хоби каде што примарно е сетилото за допир, како што се готвење, работа со дрво или плетење. Доколку сте во потрага по некого кој ќе ја сподели вашата страст за создавање на убаво надвор од овој материјален свет, тогаш запишете се на курс за некое од овие хобија.

Земјените знаци се, исто така, многу друштвени и може да го најдат својот душевен мир доколку се приклучат на некои групи што се занимаваат со култура или екологија. Тие се високо поврзани со физичката хармонија и мора да ја побараат својата љубов таму каде што сите пет сетила се убаво поврзани. Избегнувајте затворени места, а дајте му приоритет на конструктивниот развој.

Воздушни знаци (Близнаци, Вага, Водолија)

Воздушните знаци се интелектуални, објективни и аналитичари. Ако сте под влијание на овој елемент, потребен ви е партнер кој може да ве следи во вашата спритуална дебата. Фрлете око на некои клубови на љубители на книги или писатели, поети, социолошки дебати, или на некои политички организации.

Луѓето родени во знакот на Близнаци, Вага или Водолија се љубопитни и може да пронајдат љубов во библиотека, книжарница или државна установа – секаде каде може да се најдат богатства информации за различни намени. Воздушните знаци мора да имаат ангажиран ум, така што може да барате друштво таму каде интелигенцијата е на врв и е поставена како премија. Држете се настрана од местата каде што наградата е медиокрет.

Водени знаци (Рак, Шкорпија и Риби)

Хороскопските знаци со кои управува Водениот елемент се креативни и интуитивни. Ако сте Рак, Шкорпија или Риби, тогаш сте во потрага по партнер кој ќе знае да ја цени уметноста. Може да го сретнете вашиот партнер од соништата во некое студио за танц, кино, театар или музеј. Водените знаци, исто така, имаат силен инстинкт и главно кај луѓето повеќе го ценат она што го прават, а не она што го велат (некој е силен само на зборови, но водените знаци тоа одлично да го препознаат). Може да пронајдете прекрасен љубовник/ца во некој хуманитарен центар – на било кое место каде што луѓето го посветуваат своето слободно време на одредени нешта за светот да стане уште поубав и подобар.

Водените знаци потешко ќе се поврзат со луѓе на емоционално ниво и затоа ви се потребни фреквентни места каде ќе можете да се опуштите. Држете се настрана од студени места кои обесхрабруваат искрени разговори. Вашата сродна душа мора да споделува со вас или да има барем мал интерес за вашите интереси, желби и емоционални потреби.

Прегледи:
388
Ознаки:
·
Објавено на:
19.09.2016