Американските медиуми пишуваат дека еден од најинтригантните парови во Холивуд се разведува. Станува збор за Анџелина Џоли и Бред Пит, кои заедно имаат шест деца.
Имено, “TMZ” пишува дека актерката ги поднела документите за развод од сопругот со кој е во брак две години, а во врска повеќе од една деценија.
Причината за разделбата наводно е проблемот околу воспитувањето на децата. Порталот “TMZ” наведува дека Анџелина во документите за развод навела дека сака самостојно старателство над децата, бидејќи “ги довела во прашање методите на родителство на Бред”.
Не е познато што направил актерот за да ја налути својата сопруга, но таа пред судот ќе бара тој да има право да ги посетува децата само пред надзор. Бред нема да мора да плаќа алиментација, а имотот ќе го поделат на два еднакви дела.
На документите кои ги поднела Анџелина, датумот на разводот е 15-ти септември оваа година. Останува да видиме дали ова се повторно само гласини или навистина ќе мора да се простиме од најславниот холивудски пар.