Андреј Дориќ (22) е пејач од Нови Сад, а на Балканот е познат како двојник на легендарниот пејач Тоше Проески. Андреј веќе со години со својот бенд се обидува да се пробие на македонскиот пазар.
– Угледувајќи се на неговата работа, хуманост и харизма, го пронајдов својот пат и професионално се посветив на музиката. Веќе снимив шест песни и работам на нов материјал кој наскоро ќе го промовираме, открил Андреј, кој вели дека македонската публика одлично го прифатила.
Пред четири години снимил песна на македонски јазик „Ладна и безобразна“ со која настапил на Охридскиот фестивал каде го освоил третото место од гласови на жирито и публиката.
– Некои зборуваат дека сакам да го заменам Тоше, но тоа невозможно. Јас сум Андреј, а Тоше беше еден и единствен и за енго не постои замена. Секој има своја судбина и своја ѕвезда водилка, заклучил младиот пејач.