Категории

Како да направите корпа од стари списанија?

Сакате да внесете мала промена во вашата соба без да потрошите голема сума на пари? Имате недостаток од простор и понекогаш не можете да им го најдете крајот на нештата?

Погледнете ги овие неколку чекори како да ја направите оваа корпа сами, а материјалите веќе ги имате и дома.

Потребни ви се:

  • Стапчиња
  • Стари списанија
  • Четка и лепак
  • Штипки за алишта
  • Две парчиња картон и кутија
  • Тежок предмет
  • Акрилична боја

Чекори:

  1. Почнете со внимателно вадење на страниците без притоа да ги скинете. Подобро ќе биде доколку се сите иста големина.
  2. Употребете го стапчето за да ги свиткате страниците околу него со цел да бидат приближно иста големина, а потоа прицврстете ги со лепак.

3. Штипките за алишта закачете ги на завитканите парчиња хартија и оставете ги да се исушат. Откако ќе завршите со тоа, извадете ги внимателно.

4. Сега е на ред да се почне со кутијата. Земете две парчиња картон. На едното парче, нацртајте линии како што е прикажано на сликата, а потоа ставете ги завитканите парчиња хартија симетрично на краевите од картонот. Залепете го второто парче хартија над првото. Земете го тешкиот предмет и ставете го над картоните. Оставете го лепакот да се исуши.

5. Сега е на ред другиот дел од кутијата. Послужете се со кутија или со четири парчиња картон и конструирајте ѕидови. Завиткајте ги парчињата хартија под прав агол и притоа да се добие налик на кафез. Употребете ги штипките за алишта. Така ќе се осигурате дека корпата ќе биде цврста.

Прегледи:
652
Објавено на:
24.09.2016