Кога младиот американец Алекс и ја кажал на својата девојка идејата за бизнис, таа веднаш му одговорила дека тоа е најглупавото нешто што го слушнала. Освен девојката и неговите пријатели имале слично мислење за неговата идеја, дека е многу лоша.
Тој дошол на идеја, која подоцна и ја остварил, да пишува и испраќа пораки напишани на компири за кои ќе наплатува по 10 долари од компир.
Како што вели, луѓето почнале да нарачуваат пораки за родендени, годишнини, матурски и за чудо, работата тргнала, па тој секој ден имал се поголем број на нарачки.
Сега месечно од компирите со пораки Алекс заработува по околу 10 000 долари, а тоа му одзема помалку од еден час во денот.