Најголемото и најубавото изненадување…
Кејти Босард не можела да ја сокрие радоста кога во ист ден добила и предлог за брак и свадба. Нејзиниот сакан Зак Болдвин со месеци го планирал изненадувањето заедно со нивните пријатели и роднини.
Кога Кејти и Зак тргнале на патување во Вејл, Колорадо, таа мислела дека тоа е само обична романтична викенд авантура. Но, нејзиниот партнер ѝ приредил изненадување кое ќе го памети засекогаш.
Во својата Facebook објава, таа опиша како течел најеуфоричниот ден во нејзиниот живот.
Веднаш по пристигнувањето во хотелот, парот заминал на ручек.
„Додека се движевме низ областа за разгледување на живописната природа со огромна дрвена палуба, Зак не можеше да дочека и веднаш се спушти на едно колено.
Кејти Винона Босард… ќе се омажиш ли за мене?
Речиси сигурна сум дека реков ДА уште пред да заврши.
За среќа, со Зак извесно време разговаравме за брак, па не беше потполно неочекувано. Во секој случај, тоа беше многу возбудлив момент.
Тој ми рече: Сите се тука, но имам второ прашање за тебе.
Се погледнав нагоре и го видов неговото семејство и неколку пријатели како трчаат кон нас за да прославиме.
Имам второ прашање: Дали ќе се омажиш за мене денес? Сè е подготвено. Твојот фустан, плановите и СИТЕ се тука.
Додека се вртев видов како мајка ми, сестра ми, најдобрите пријатели, тетка ми и вујко ми трчаат кон нас за да нè поздрават. Возбудена и збунета прснав во солзи и започнав да плачам и да го гушкам Зак, а потоа и целото семејство.
Сите сè уште го чекаа мојот одговор, а јас не бев сигурна во однос на прашањето.
„Кејти, дали сакаш да се омажиш денес? Имам сè подготвено за да започнеме за 3 часа.“
Набрзина сè обидував да процесирам сè што се случува. Мојот одговор: „Да, ајде да го направиме тоа.“
Момците се собраа во една соба, а моето семејство имаше резервирано невестинска соба за мене. За среќа, ги имаме најневеројатните пријатели и роднини, па сè беше лесно… фризурата, шминката, вратоврските, костумите… И фустанот. Кога и да ја раскажуваме оваа приказна, сите се загрижени за ФУСТАНОТ! Мајка ми и сестра ми избраа фустан, а моите најдобри пријатели Алекс и Аманда избраа втор фустан. Беше лесно. Ги пробав двата фустани и го избрав оној во кој се чувствував удобно. Ох, тој беше прекрасен.
Церемонијата се одржа на врвот на планината Вејл. Го имавме најубавиот поглед кој сум го видела.
Никогаш нема да знам што точно се вртеше низ главата на Зак, но сигурна сум дека тој ме знае подобро од кој било друг на светот. Никогаш не сум сакала голема свадба. Никогаш не сум сакала да трошам часови барајќи го „совршениот фустан“. Никогаш не сум сакала да правам список со гости и да мислам дали заборавив некого. Никогаш не сум сакала да ја планирам „совршената свадба“ каква што не посакував.
Сакав само да се омажам за мојот најдобар пријател. Го посакував токму она што ми го даде Зак. Љубов. Пријателство. Спокојство кога тој е околу мене. Бракот е многу повеќе од свадба или забава.
Ви благодарам на сите. Најубавото изненадување!
И најмногу… Ти благодарам Зак. Не можам да опишам со зборови колку сум изненадена, среќна и благодарна. Те сакам.