Користејќи го Токио како позадина во оваа модна бајка, фотографот Алесандро Мишел уште еднаш успеа да направи вижуали кои изобилуваат со кинематографски и надреални елементи. Светлото во градот и урбаната џунгла совршено се споија во духот на италијанската модна куќа Gucci.
Последниве неколку сезони во режија на креативниот директор Алесандро Мишел доживува вистинска ренесанса.Моделите во кампањата вклучуваат имиња како: Петра Колинс, Лиа Павлова, Полина Оганичева, Мае Лапрес, Софија Фрисен и други.
Сите тие ја истражуваат разноликоста на квартовите во Токио. Како резултат имаме вижуали кои изгледаат како кадри од филм-заедно со насловите кои исто така завршија на финалните фотографии. Погледнете и самите!