Категории

8 совети од тајни агенти што можат да ви помогнат полесно да ги „читате“ луѓето

Способноста да ги „читате“ луѓето може да биде ефективен начин да си помогнете во комуникацијата. ЛаРае Куи, кој работел како ФБИ агент 23 години, има многу да каже на оваа тема.

„Нема потреба да бидете првокласен детектив за да разберете што се случува во нечија глава. Секогаш постојат сигнали што можат да бидат забележани. Сè што треба да знаете е каде да ги побарате.“

Прочитајте за какви знаци станува збор и како со нивна помош можете да откриете што таа личност чувствува или размислува…

1. Дефинирајте го нивниот основен модел на однесување

Постојат огромен број физички однесувања во кои луѓето се впуштаат. На пример, некои можат да зјапаат во подот за време на разговорот, да ги вкрстат рацете, да кашлаат, да си ги чешаат главите или пак, да се клатат напред назад на нивните нозе. Луѓето се однесуваат различно поради различни причини. Дефинирањето на нечиј основен модел на однесување може да ви помогне да ги сфатите нивните дејства – дали тоа што го прават е од навика или пак, индикација за измама, лутина или незрелост.

2. Обрнете внимание на нивните каприци

Обидете се да најдете разлики помеѓу основниот модел на однесување и нивните зборови и гестови. На пример, дали сте забележале дека некој има навика да го прочистува грлото кога е нервозен? Дали можеби на тој начин крие нешто што не е очигледно на прв поглед?

3. Обрнете внимание на гестовите

Само еден гест или збор не секогаш има скриено значење. Но, кога одредени гестови следат во низа, обрнете повеќе внимание. На пример, ако некој постојано кашла, ја чеша главата и ги врти стапалата во исто време, тогаш треба да бидете многу внимателни.

4. Споредете ги однесувањата

Ако забележите дека некој се однесува почудно од вообичаено, обрнете повеќе внимание на тоа што го прави. На кој начин оваа личност се поврзува со луѓето во просторијата? Дали нејзината или неговата фацијална експресија се менува? Што кажува позицијата и говорот на телото?

5. Погледнете во „огледало“

Постојат неврони во мозокот што ја отсликуваат состојбата на нашиот ум. На пример, насмевката може да ги активира мускулите што се одговорни за среќна фацијална експресија. Од друга страна пак, кога се мрштиме, ние покажуваме незадоволство. Кога гледаме во личност што ни се допаѓа, ние им даваме сигнал на нашите фацијални мускули да се опуштат. Ако лицето на оваа личност не „одговори“ на истиот начин, тогаш јасно ви праќа порака дека или не ѝ се допаѓате или не ѝ се допаѓа нешто што сте направиле.

6. Пронајдете го најсилниот глас

Најсилната личност не е секогаш таа што седи на „чело“ од масата. Личноста со висока самодоверба, по правило, има и најсилен глас (не го мешајте ова со јачината на тонот на гласот). Најчесто лидерот на групата е некој со слаб карактер кој во голем степен зависи од другите. Па, ако сакате да го откриете вистинскиот водач, пронајдете го оној чиј глас најчесто внимателно се слуша.

7. Набљудувајте го начинот на одење

Многу често кај луѓето недостасува постојаност во нивното движење. И откако личноста погледнува надолу кон нозете, наместо право пред себе при одењето, тоа е знак за ниска самодоверба.

8. Идентификувајте ја нивната основа

Секој од нас има уникатен карактер, но постојат одредени базични прашања што ќе ви помогнат да ја прочитате личноста на фундаментално ниво, без разлика за кого станува збор:

  • Дали оваа личност е интроверт или екстроверт?
  • Дали интеракциите со другите се почетна точка за нивните дела?
  • Како оваа личност се справува со ризик и несигурност?
  • Што го храни нивното его?
  • Како се однесува во ситуации со многу стрес?
  • Какви се кога ќе се опуштат?

Имајте на ум дека е потребно време да научите да ги читате луѓето без грешка. И се разбира, секогаш постојат исклучоци за секое правило. Но, доколку се водите од овие принципи, вие можете да ги подобрите вашите способности за набљудување и да ја зголемите вашата способност за разбирање на луѓето. Тоа ќе ви помогне да комуницирате многу поефикасно од порано.

Прегледи:
423
Објавено на:
04.10.2016