Категории

Скопјанец доби 440 илјади евра, но уште не дошол по парите

Во саботата 81-то коло на НовоЛото 7/34  ја донесе до сега најголемата премија за седумка вредна 27.503.930,00 денари или над 440.000 евра. Извлечените броеви во ова коло беа среќни за играч кој своите среќни броеви ги уплатил во Скопје, во за него Среќното Место Р.Е.Ида, во Скопје.

Играчот кој изиграл 10 комбинации за НовоЛото , и секако не ја заборавил и дополнителната игра Џокер, уплатил вкупно 220 ,00 денари и стигна до најголемата премија од постоењето на Државна лотарија на Македонија.

Ова е прва седумка во оваа година, но 13-та од постоењето на Државна лотарија на Македонија и воедно највредната до сега . Ова 81 коло донесе уште и две шестки вредни 86.000 денари и многу помали добивки.

– Среќните добитници ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија , а нивните среќни приказни ќе ги споделиме и со вас, велат од македонската лотарија.

Фондот за седумка од наредното 82 коло, повторно ќе биде 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија , но не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер , бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.

Прегледи:
447
Објавено на:
10.10.2016