Еден од најпознатите парови на светот, шармантниот Џорџ Клуни и неговата уште пошармантна сопруга, Амал, одлучиле да купат нов стан во срцето на “Големото јаболко”.
Ова познато дуо неодамна купило стан во величенствената стаклена резиденцијална кула, којашто ќе биде готова во 2017-та година. Судејќи според некои гласини, тие го купиле станот којшто е на самиот врв во оваа оваа зграда, а деталите во врска со цената, погодностите и луксузните елементи ќе бидат откриени подоцна.
Засега единствено само се знае кои погодности ќе ги нуди оваа кула во којашто ќе биде сместен и еден луксузен ресторан којшто ќе го води светски познатиот шеф Жоел Робушон, како и еден масивен базен, библиотека и фитнес центар, а ќе бидат достапни и консиерж услуги.
Лобито самото по себе ќе биде вистински визуелен десерт, со бронзен камин, елементи од Calacatta мермер и Рејчел Фајнстајн уметнички инсталации.
Инаку, цената на резиденциите во оваа зграда ќе се движат од 2.6 милиони долари, што нè наведува да помислиме колкава е вредноста на сите декоративни елементи коишто ќе може да се затекнат во нивната внатрешност.
Дали може да погодите колку потрошиле Џорџ и Амал на својот нов дом?