Успехот на еден ученик зависи од професорот и неговата ангажираност и посветеност. Тој умее да го инспирира и мотивира младиот и амбициозен хармоникаш Војче Петрушев кој на својот Фејсбук профил објави оро од Маестро Милан Завков со негова обработка преку која сака да му се заблагодари за сиот труд и знаење што му го пренел. Одговорен за целокупниот аранжман е единствениот Николче Мицевски.
Милан Завков со своите виртуозни интерпретации на хармоника и со сите свои песни и аранжмани остава неизбришлив белег на македонската музика. Денес живее и работи во Скопје во ансамблот “Танец” и понатаму твори и го проширува својот опус на авторска музика заедно со неговата хармоника.
Им посакуваме СРЕЌА и им благодариме што ја негуваат и надоградуваат традиционалната македонска музика.
Погледнете го неговиот нов видео запис: