Категории

10 нешта кои секој маж треба да и ги понуди на својата сакана

Машките и женските погледи на светот се целосно различни, па затоа не треба да претпоставувате дека вашиот партнер ќе знае што ви е потребно ако тоа не му го кажете.

 Прочитајте ја оваа кратка листа и задолжително споделете ја со својот партнер за тој да знае што вие очекувате од него и секако не прифаќате ништо помалку бидејќи едноставно секоја дама тоа го заслужува.

1. Поддршка

Мажот мора да ви покаже дека верува во вас и вашите одлуки. Тој треба да ви биде поддршка на патот кон остварувањето на вашите цели исто онака и како што треба да биде со вас кога имате лош период и ви е потребно рамо за плачење.

2. Комплименти

Без разлика дали сакате да го признаете тоа или не комплиментите за тоа колку убаво изгледате ви годат. Затоа е важно тој ако не секој ден барем од време на време да ви го каже тоа.

3. Признание или пофалба

Секоја дама сака да слушне од својот сакан дека тој го препознава и цени нејзиниот труд и она што таа го прави.

4. Да слуша

Подгответе го вашиот сакан за оние моменти кога ќе ви биде потребен да ве ислуша за да се испразните. Бидејќи така ќе ви покаже дека е заинтересиран за сето она што ви се случува и мачи.

5. Да му бидете приоритет

Да на секоја од нас и е јасно дека нашиот партнер има многу обврски и секојдневни проблеми, но сепак нема жена која не сака да му биде на врвот на листата на приоритетите на својот сакан.

6. Добра комуникација

Жените сакаат да комуницираат и тоа е факт. Затоа тој треба да ви поставува прашања, да бара мислење од вас но и да биде способен отворено да дискутира.
Добрата комуникација е клуч на секоја успешна врска, а основата на добрата комуникација е искреноста.

7. Да излегува со вас

Секоја од нас сака од време на време да излезе на романтична вечера или да ужива во таква во својот дом.
Плус тука има и други можности како концерти, театар, кино и слично.

8. Да ви биде најдобар пријател

Пријател со кој ќе можете заеднички да се насмеете но и да плачете. Личност на која можеме во целост да се потпреме и која секогаш ќе направи да се чувствуваме подобро.
Вашиот партнер може и треба да биде таа личност за вас!

9. Добар пример

Да биде личноста која ќе го разбуди она најдоброто во вас. Партнер кој ќе ве направи подобра, посилна и посреќна личност.

10. Љубов

Без разлика во колку долга врска или долг брак сте, љубовта треба да е секогаш присутна.
Секоја од нас сака да ја слушне, види и почувствува.

Прегледи:
490
Објавено на:
10.11.2016