Станува збор за Касандра Де Пекол, 27 годишната американка од Конектикат која веќе имаше посетено 181 држава од Јули минатата година, а со тоа беа преостанати уште 15 држави и 40 дена. Со тоа е загарантиран запис во Гинисовата Книга.

Нејзиното патување е уште познато како „Експедиција196“ и патува како Амбасадор на мирот при Интернационалниот Институт за Мир преку Туризам. Иако не можеме да го следиме секој нејзин чекор, сепак можеме да го правиме тоа преку нејзиниот Инстаграм профил. Напред Касандра!

Дали некогаш сте посакале да ја посетите секоја држава во светот?

Токму тоа го посака Касандра!

Нејзиното патување се вика „Експедиција196“

Започна во Јули 2015 година во Палау.

До тогаш веќе имала посетено 181 држава.

Таа е првата документирана жена која ги има посетено сите 196 држави.

Патувањето чинеше повеќе од 200,000 долари, но трошоците се покриени од спонзорите.

Го користи нејзиниот Инстаграм профил за да ја прикаже својата инспиративна порака преку објавените фотографии.