Многумина би се согласиле дека на Анастасија Књазева ѝ претстои сјајна кариера во модниот свет. Неодоливото девојче со прекрасни сини очи и порцеланско лице освои стотици илјади срца низ светот.
Анастасија е од Русија и има само 5 години, а веќе може да се пофали со многу ангажмани од модни брендови.
Дел од фотографиите од фотосесиите мајката Ана ги споделува на профилот наАнастасија на Instagram, кој го следат над 300.000 корисници на социјалната мрежа.
Нејзината мајка, Ана задолжена за водење на профилот, а Анастасија многумина ја нарекоа
чудо од дете.
Девојчето е многу фотогенично, природна пред камерата и способна за позирање.