Пред три години, младиот германец Карл Аденмаер го започнал неговиот проект т.н. „100 Методи на цртање“, а обликувањето листови е моментално неговиот омилен метод.
За листот вели дека го доживува како „извор на живот“, па со самото тоа ја потврдува неговата замисла дека со обликувањето на листот му дава втора можност за живот. Според него, смета дека е морално да го искористи моментот и да создаде дело коешто ќе го сподели со публиката. Но најважно од се, истото треба да биде фотографирано со неговата камера под идеален агол во вистинското време. И приказната може да започне!