Фустанот кој најпознатата холивудска икона на сите времиња во 1962 го носеше додека му го честиташе роденденот на Џон Ф. Кенеди за време на незаборавната изведба на “Happy Birthday Mr. President” е најскапиот продаден фустан на сите времиња. Делото на дизајнерот Jean Lewis прекриено е со 2,500 дијаманти кои се рачно навезени а самиот фустан бил толку деликатен така што бил сошиен на врз самото тело на славната глумица.
Рекордната цена од 4,8 милиони долари е постигната на аукцијата на лондонската куќа Julien’s надминувајќи го рекордот од 2011 година кога другиот популарен фустан на актерката кој го носеше во филмот The Seven Year Itch беше продаден по цена од 4,6 милиони долари.