Категории

Прво обраќање на Анџелина Џоли по најавата за развод (ВИДЕО)

Првпат откако се прошири веста дека побарала развод од Бред Пит, во петокот Анџелина Џоли официјално се појави во јавноста во видеоснимка за Меѓународниот кривичен суд и новата политика за заштита на децата.

„Влијанието на злосторствата врз децата се забележува веќе со генерации. Знаеме дека на децата не им го даваме најдоброто. Не може да има целосна правда без разбирање на жртвите на воените злосторства и помошта потребна за да се надмине штетата што им е нанесена. Затоа е важно дејствувањето на судот, кој треба да се поддржува и зајакнува“, вели Џоли во видеото.

„Успешниот процес на поднесување обвиненија и новите закони, без разлика дали дали во Меѓународниот кривичен суд или на друго место, се дел од долги генерациски напори од витално значење. Тоа е светлината во која јас верувам дека треба да се гледа новата политика на судот за децата“, рече 41-годишната Џоли и додаде дека особено ја поздравува „посветеноста да се вклучат и обвиненија за злосторства врз деца секогаш кога овозможуваат доказите, како дел од еден посистематски приод. Ѝ честитам на канцеларијата на главниот обвинител и на сите оние што работат на овој закон“.

https://www.youtube.com/watch?v=mbGY6g53aso

Анџелина го обвини својот сопруг Бред за напад врз нивниот син Медокс додека летале со приватен авион и пред два месеци поднесе барање за развод. Социјалните служби го испитуваа случајот, но Бред е ослободен од сите обвиненија. Поради сето ова, многумина коментираат дека говорот на Анџелина во видеото има призвук на лична драма.

Прегледи:
338
Објавено на:
20.11.2016