Категории

Неколку важни принципи за привлекување на парите во домот

Во денешно време се повеќе луѓе имаат контроверзен или негативен став кон парите. Истовремено ги сакаат и ги сметаат за неопходни, а од друга страна сметаат дека парите ги расипуваат луѓето.

Затоа во продолжение прочитајте неколку важни принципи од книгата “Енергијата на парите – Река на изобилството“ кои доколку ги следите се верува дека ќе ви донесе повеќе пари во домот…

1. Принцип на желба

Важно е да знаете за што ви се потребни парите. Потребно е да одредите колку пари ви се потребни на месечно или годишно ниво и пожелно е јасно да замислите како би изгледал вашиот живот во изобилство.

2. Принцип на цел

Потребно е да ги одредите своите материјални цели чие постигнување е условено од парите. Истовремено потребно е да бидете свесна и за своите подлабоки цели кои се однесуваат на сопственото постоење и смислата на животот.

Не смеете да дозволите материјалните цели да ви бидат првенствени, бидејќи е важно своите цели да и бирате во склад со потребите на својата душа, а не егото.

3. Принцип на одлука

Бидете одлучна во својата намера да го почувствувате животот во богатство, бидејќи тој е најзначаен чекор кој мора да го направи секој кој сака да дојде до материјалната благосостојба.

4. Принцип на мисла

Еден од основните принципи во животот е дека го привлекуваме она за што најмногу размислуваме.

Ако имате страв од сиромаштија, тоа значи дека кај вас доминираат мислите за тоа дека нема да имате пари, па големи се шансите дека токму тоа и ќе се случи.

Од друга страна, ако верувате дека ќе имате онолку пари колку ви се потребни да ги задоволите своите потреби кои парите можат да ги задоволат, тогаш веројатно и ќе ги привлечете во животот.

5. Принцип на чувства

Исто како што го привлекувате она што го мислите, така го привлекувате и тоа што го чувствувате. Ако во вас доминираат позитивни емоции, добри вибрации и чувство на радост и среќа, нема сомнеж дека во животот ќе го привлечете она што ви е потребно.

6. Принцип на унапредување на сопствените способности

Колку што е важно она што го мислите и чувствувате, важен е и последниот чекор, а тоа е акција.
Затоа е важно да вложувате во себе и своите вештини, таленти и потенцијали за да бидете доволно креативни да пронајдете нови начини на заработка.

7. Принцип на благодарност

Благодарноста е еден од универзалните принципи со кои го привлекуваме доброто во својот живот. Секогаш бидете благодарна за тоа што го имате но и за она што го немате бидејќи тоа е во склад со она што сте.

Затоа наместо да се жалите на тоа што немате доволно пари, потсетете се дека сепак ги имате во одредена мера и бидете благодарна за тоа.

Размислувајте за тоа дека вашата финансиска ситуација ќе се поправи наместо да се фокусирате на тоа што го немате.

Прегледи:
506
Ознаки:
·
Објавено на:
22.11.2016