Категории

Дали знаете? Зошто жените со жолта коса ги викаме плавуши?

Секој барем еднаш се прашал зошто жените со жолта коса ги нарекуваме плавуши.

Одговорот се крие во старото сфаќање на нијансите на боите кое значително се разликува од денешното. Некогаш за опис поважно било дали некоја боја е светла или темна, дали е загасита или сјајна, него ли која специфична нијанса е во прашање.

Токму на тие основи настанало „означувањето“ на жолтата коса со плава боја.

Придавката „плав“ некогаш во старословенските јазици означувала „светол“ или „блед“  и се користела за опишување на најсветлите спектари на боите од бела до златно жолта. Оттаму и жена или маж со светла коса (и очите) се нарекувале „плави“, а така употреба се одржала и до ден денес, но само кога се зборува за луѓето, односно за нивните физички карактеристики.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
677
Објавено на:
27.11.2016