Категории

ВИДЕО: Божиќна реклама за дедо кој учи англиски чиј крај ќе ве разнежни

Божиќната реклама на полскиот сајт за онлајн аукции „Allegro“ нема да ве остави рамнодушни.

Во рекламното видео, посветен дедо започнува активно да учи англиски јазик. Потоа, го пакува својот куфер и патува во Англија за празниците.

На крајот од видеото, се открива зошто тој учел толку напорно. Среќниот дедо ја запознава својата мала внука и на англиски јазик ѝ вели: „Здраво, јас сум твојот дедо“.

Прегледи:
398
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
01.12.2016