Од далеку ова дрво можеби изгледа како секое друго дрво (добро, малку помагично), но ако го погледнете одблизу ќе видите дека тоа крие различни овошни плодови кои растат едни до други.
Ова дрво е “дело” на Сем ван Акен, професор на Универзитетот Сиракуза и современ уметник, кој создал хибридно дрво со 40 различни плодови кои растат на него одеднаш.
Проектот се вика “Tree of 40 Fruit”, а Ван Акен постојано бара разни начини како да ги подобри своите методи и да го надогради своето волшебно дрво.
Тој ја користи техниката на “калемење”, во која зема гранка од секој вид на овошје, а потоа го трансплантира во едно дрво. Целиот процес трае од осум до девет години.
“Ова започна како уметнички проект. Сакав луѓето да го доживеат ова неверојатни искуство и да видат како сите овие различни бои и плодови растат на едно дрво”, вели Сем.
Дел од овошјата кои растат на неговото дрво се сливи, праски, мандарини, цреши и бадеми, а доколку сакате можете да си нарачате сопствено вакво дрво.