Доколку сте дете од крајот на 80-те или почетокот на 90-те години од минатиоот век е тогаш сигурно сте израснале со детската серија „Наше маало“.
Прв мултикултурен проект преку кој учевме како да ги прифатиме различните националности, како да бидеме космополити.
Серијата од која нетрпеливо ги чекавме новите епизоди, период кога немавме интернет да ги гледаме кога посакаме.
Сигурно и денес ви се живи сеќавањата за зградата „Кармен“ и за безгрижното детство на децата од маалото меѓу кои Мали, Бени, Ице, Дарко… Во текот на многу години бевме дел од нивните авантури и учевме што е соживот.
И кога денес не „трујат“ со турски и индиски серии, со турбо-фолк емисии, редно е да се потсетиме на нешто што вредеше многу, а доколку сакате ретроспектива, некои од епизодите можете да ги погледнете на следниот линк.
https://www.youtube.com/watch?v=U4Pm7tBaD3s