Моника Белучи минатата година се најде во центарот на вниманието откако стана највозрасната Бонд девојка, но дека таа сѐ уште изгледа совршено и дека не треба да се сомневаме за нејзината улога во филмот за 007, докажува и улогата во серијата на “Amazon” – “Mozart in the Jungle”.
Имено, сексапилната Италијанка на 51 година сними жешка секс сцена со латино заводникот Гаел Гарсија Бернал, а сцената го запали интернетот.
Со ова, таа уште еднаш докажа дека сценаристот на серијата, Роман Копола, беше во право кога тврдеше дека таа е единствената вистинска личност за оваа улога.
“Беше автентична… Таа е Италијанка, таа е страствена, таа е многу убава, интересна и динамична. Не можев да одберам подобро од тоа”, изјави тој.
Интересно е дека токму Копола го наговорил својот татко, многу попознатиот Франциско Форд, во 1992 година да ја ангажира Белучи во филмот за Дракула, во време кога таа сѐ уште не била толку популарна.