Категории

Facebook статусот на спасувачот на младиот Кико: Го чувавме Кико како капка во секоја секунда, иако бевме премрзнати!

Речиси нема човек којшто не разбра за немилиот настан со среќен крај, случајот со 17-годишниот Кико којшто падна во огромна бездна на Шар Планина, на температура од -25 степени Целзиусови, и иако целата ситуација изгледала речиси безнадежна, тој е спасен и веќе е во стабилна здравствена состојба.

Животот на Кико го спасија тројца храбри планинари коишто заедно со Кико лежеле во безндата длабока 600 метри, цели 10 часа, на температура од -25 степени Целзиусови.

Голготата започнала кога Кристијан на својата рута до Титов Врв, ноќта во саботата кон неделата, паднал во бездна и удрил во карпа. Најголема среќа е што тој не се откажал во ниту еден момент, а храбрите планинари му помогнале за тој да не премрзне, Кико имал и огромна среќа да мине без скршеници или внатрешно крварење, и покрај фактот што паднал во огромна бездна.

Неговиот спасувач Дамјан Карловски среќно и гордо раскажува за целиот инцидент и во својот Facebook статус, потенцирајќи дека младиот Кико го чувале буквално капка, иако сите четворица биле речиси премрзнати.

Неговиот Facebook статус го споделуваме и во целост:

Прегледи:
334
Објавено на:
20.12.2016