Категории

А1 Македонија го постави “СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција” во општина Велес

А1 Македонија со задоволство ја информира јавноста дека проектот СМАРТ езеро Младост е целосно имплементиран со што општина Велес ја почнува својата трансформација во модерен и паметен град по примерот на развиените европски градови и го подобрува квалитетот на живот на граѓаните во Велес и посетителите на езерото Младост.

СМАРТ езеро Младост нуди бенефити не само за општина Велес која преку ова решение има можност за напредно далечинско управување на ресури и генерирање на заштеди туку нуди и збогатена туристичка понуда за сите посетители на ова туристичка атракција. Решението предвидува користење на IoT платформа и имплементација на WEB базирана апликација каде што се интегрираат шест различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола на автоматското осветлување (Паметно осветлување), паметно управување со простор за паркирање (Паметно паркирање), паметно управување со отпад (Паметен отпад), паметни клупи со интегриран безжичен Интернет (Паметни клупи), полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање (Полнач за електрични возила) и електрични велосипеди со паметно заклучување (Паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како услуга) решение за управување со паметно заклучување.

А1 Македонија беше избрана како најдобар понудувач на меѓународен тендер финансиран од ИПА 2 програмата и Владата на РСМ. Одобрените средства се управувани од Светска Банка, а тендерот се спроведе во согласност со Процедурите за национално конкурентно наддавање како што е утврдено во Насоките за набавки на Светска банка.

А1 Македонија цврсто верува во новата ера на паметна поврзана технологија и затоа и понатаму ќе остане фокусирана на изготвување и реализирање проекти во оваа област кои ќе придонесат кон унапредување на модерното живеење.