Категории

Адел ќе креира XXL модна линија

Британската пејачка Адел воопшто не се осврнува на критиките за вишокот килограми, а за да докаже дека воопшто не се грижи ако некои мислат дека е дебела, таа реши да лансира сопствена модна линија на гардероба со „Икс-Икс-Ел“ големина.

Според британските медиуми, 27-годишната пејачка, која неодмана го промовираше својот најнов албум „25“ со кој урива рекорди на продaжба и слушаност, во соработка со компанијата „Еванс“ ќе започне со производство на гардероба за жени со вишок килограми.

– Ова е само почеток. Таа работи на сопствени цртежи, советувајќи се неколкумина дизaјнери, изјави извор близок до пејачката за магазинот „Нау“.

Весникот потсетува дека „Еванс“ и Адел веќе соработуваа во изработката на колекција инспирирана од фустанот што пејачката го носеше на доделувањето на наградите Греми во 2012 година.

Прегледи:
467
Објавено на:
16.01.2016