Категории

Ако бираш гордост – Ти си оној кој губи

Гордост, понекогаш од неа ќе научиш на потешкиот начин. Премногу гордост не е на добро. Немој да дозволуваш твоите чувства да гнијат во тебе само затоа што чекаш тие да се искажат први или поради тоа што се плашиш да не изгледаш слабо, или се плашиш од одбивање.

Немој да страдаш само за да делуваш нескршливо. Ти си важна, престани да ги ставаш другите пред себе. Без оглед на нивниот одговор, добар или лош, мораш да го исфрлиш од своите гради и мисли. Непознатото ќе престане да те убива.

Затоа оди и кажи и на љубовта на твојот живот што чувствуваш, кажи му на оној пријател со кого сте разделени дека ти значи повеќе отколку што може да замисли, оди и кажи им на луѓето кои ти недостигаат дека ти недостигаат.

Или кажи и на личноста на која си лута се што мислиш. Исфрли го од себе. Симни го тој тежок товар од твојот грб. Престани да ги  оставаш зборовите неизговорени, ако имаш нешто да кажеш – кажи го. Не плаши се, немаш што да изгубиш но имаш што да добиеш.

Прегледи:
776
Објавено на:
02.11.2020