Категории

Ако дома имате недостаток на козметички средства – Црвеното вино е одлично за вашата убавина

Црвеното вино е едно од нашите омилени пијалоци, но и едно од омилените состојки кои што жените ги користат за да се ослободат од темните флеки и други проблеми со кожата. Состојките на црвеното вино ќе ја нахранат вашата кожа и ќе и помогнат да изгледа затегнато, свежо и сјајно.

Можеби е добра идеја да се искапете во црвено вино еднаш месечнои да се ослободите одстресот. Она што треба да направите е да додадете шише црвено вино во вашата топла када барем еднаш месечно. Црвеното вино исто така помага да се ослободите од стриите, така што мајките кои неодамна родиле можат да ја користат оваа состојка за да се ослободат од стриите на стомакот.

 

Еве неколку предлози како да го искористите виното за одржување на вашата убавина:

 

Црвено вино за ослободување од стрии

Ако сакате да се ослободите од стриите, масирајте го стомакот со црвено вино. Доволно е да се третира еднаш неделно и стриите полека ќе  исчезнат.

 

Ќе ве ослободи од досадните акни на вашето тело

Поради мрсната храна и загадувањето, многу луѓе се борат со акни кои од време на време се појавуваат на телото. За да се ослободите од акните на вашето тело, натопете памук во црвено вино и тапкајте преку акните. Направете го ова двапати на ден за да се ослободите од акните што е можно поскоро.

 

Црвеното вино ги отстранува темните флекина кожата

Темните флеки на кожата може да се неутрализираат ако се капете во црвено вино двапати неделно. Не нанесувајте лосион за тело на флеките после капење со вино. За да ги отстраните темните флеки што е можно поскоро, додадете сок од еден лимон во една чаша црвено вино. Масирајте ги дамките со оваа смеса и исплакнете по 15 минути.

Црвеното вино има одличен ефект врз брчките

Виното има одличен ефект врз брчките. Миењето со вино двапати неделно ќе помогне вашите брчки да бидат помалку видливи.

 

Црвеното вино ги отстранува проширените пори

Ако имате проширени пори на лицето, можете да ги отстраните со црвено вино. Комбинирајте црвено вино и млеко за да се ослободите од проширените пори. Масирајтесо оваа смеса за лице еднаш неделно, ќе бидете воодушевени бидејќи порите ќе бидат скоро невидливи.

 

Црвеното вино ја освежува кожата

Ако имате сува кожа, можете да ја третирате со црвено вино. Измешајте една чаша вино со чаша млеко. Со оваа едноставна мешавина мијте се двапати неделно и за неколку недели вашата кожа ќе стане мека, хидрирана и кадифена.

 

Покрај тоа што ја опушта душата и умот, црвеното вино е одлично и за козметички цели, особено во овој период кога можеби нема да можете да отидете во дрогериите за козметика.

Прегледи:
470
Објавено на:
27.03.2020