Категории

Ако претерано се грижите за децата не значи дека сте најдобри родители

Со претераната грижа за своите деца можеме ненамерно да им го уништиме животот, доведувајќи ги до состојба на неуроза, несамостојност и ниско ниво на самопочитување.

Тоа не значи дека децата порано не биле сакани. Биле и сакани и тоа многу, само што семејствата порано не биле насочени исклучиво кон децата. Децата биле сакани, но од првите проблесоци на свеста знаеле дека се еден мал дел од „огромниот универзум кој се вика нашето семејство. Биле свесни дека постојат повозрасни, кои треба да се почитуваат и дека постојат помлади за кои треба да се грижиме, дека постои нешто наше на што можеме да се потпреме.

Денеска пазарот сервира модел на семејство изграден околу детето. Тоа очигледно е губитничка стратегија, која постои само да изнуди финансиски средства од домаќинствата. Пазарот не сака прописно формирано семејство, бидејќи тоа во најголем број случаи сите свои потреби само би ги здоволувало.

Од гледна точка на пазарот идеален татко не е оној кој го поминува слободното време со детето, го носи во парк, вози велосипед…идеален е такто оној кој во слободното време го нема, затоа што цело време работи за да заработи за двочасовната посета на аквапарк.

Во ваков случак глаголот „да се сака“ може да се замени со кој било друг на пример „да се игнорира, „да не ти е грижа“, „да бидеш рамнодушен“. Затоа што е таквата родителската љубов е само еден од формите на егоизмот.

Неконтроирана мајка, татко алкохоличар, сето тоа не е ништо друго освен игра на нагоните. Без разлика што зборуваме за родителската должност и пожртвуваност, таквото татковство и мајчинство претставуваат грубо насладување, нешто како љубовна разонода, биологија.

Една убава индиска поговорка вели „Детето е гостин во твојот дом: нахрани го, воспитај го и пушти го“.

Да нахрани може и будала, да воспита, тоа веќе е малку потешко, но да се знае детето од првата минута од неговиот живот помалку да се пушта од себе – тоа е љубов.

Прегледи:
554
Објавено на:
28.01.2016