Категории

Ако успеете цел јануари да не пиете алкохол, еве што ќе постигнете

Една од најчестите новогодишни резолуции е намалување или целосно откажување на алкохолот. Каков е целосниот ефект на јануарското откажување од пиење?

Еден месец трезвеност е новогодишна одлука што некои успеваат да ја издржат до крај, некои неколку дена, а на трети им останува како навика и за подолг период. Што ги прави овие луѓе различни?

Истражување поврзано со оваа тема е објавено во health Psychology. Набљудувани се 857 британци, мажи и жени, кои што решиле да останат трезни од Нова година до крајот на јануари.

Со тоа се донесени доста заклучоци околу тоа како тие успеваат во намерата и како истата влијае во понатамошното консумирање алкохол.

Учесниците пополнувале три анкети, една на почетокот на месецот, една на средина и една на крајот. 64% од учесниците успеале да останат трезни сите 31 ден од јануари 2015-та. Истите тие консумирале помалку алкохол од следниот месец, но и кога пиеле, си ги знаеле границите.

Шест месеци подоцна, сите тие пријавиле дека пијат многу помалку од претходно.

Генерално земено, за оние кои ќе го издржат јануари (или било кој еден месец) без пиење, натаму е полесно да се контролираат со алкохолот и да ги избегнат непријатностите што пијанството ги носи.

Прегледи:
582
Објавено на:
04.01.2016