Категории

Ако ви заврне додека сте на одмор, добивате уште еден гратис

Туристичка агенција од Абу Даби пронајде нов начин да им ги продаде аранжманите на потенцијалните посетители.

Етихад холидеј, одделение на истоимената авиокомпанија, им ветува на туристите бесплатно летување во Абу Даби, доколку за време на нивниот престој во рамки на платениот аранжман, наврне минимум пет милиметри дожд на метар квадратен.

Понудата се однесува само на посетителите од Велика Британија, а се совпаѓа со отворањето на претставништво на Етихад холидеј во Лондон.

Според проценките повеќе од 230.000 Британци патувале за Абу Даби минатата година.

Понудата важи само за периодот меѓу 1 мај и 30 септември во најтоплите месеци во годината во Емиратите.

Во текот на летото температурите се искачуваат и до 48 степени Целзиусови, додека влажноста обично е повисока од 80 проценти.

Просечната температура е 41 степен Целзиусов, а минималната 31.

И покрај високата влажност на воздухот врнежи во ова време на годината речиси и нема. Просечните врнежи на годишно ниво изнесуваат само 12 сантиметри на метар квадратен, а најмногу дожд има меѓу ноември и февруари.

Прегледи:
441
Објавено на:
25.03.2016