Канадскиот глумец и комичар Џим Кери, го прослави својот 62-ри роденден, а негови гости беа најсмешните луѓе на светот.
Имено, актерот покани некои од најпознатите комичари во светот за да заедно го прослават неговиот посебен ден.
Ова беше вечера со најсмешните луѓе на светот наречена „Вечера за смеење“.
Меѓу гостите се најдоа личности како Џими Кимел, Сет Грин, Адам Сендлер, Џеф Рос, Дастин Хофман и Бил Бур.