Категории

Алберобело: Гратче во Италија како од бајките! (ФОТО)

Алберобело е град во јужна Италија кој е препознатлив во идентичните куќарки од бел камен со сиви покриви во конусоидна форма. 

Уникатните градби датираат од 17 век, кога се градело на ваков начин со цел да се избегне плаќањето на големиот данок. Се користеле само варовни камења и не се употребувало малтер, за жителите да можат брзо и лесно да ги расклопат куќичките кога ќе им биде најавено дека доаѓаат кралските посланици за собирање на данокот.

По нивното заминување, населението повторно ги градело своите домови на истото тоа место. Алберобело денес брои околу 11.000 жители, а поради својот специфичен изглед и историска традиција заштитен е од УНЕСКО.

Прегледи:
992
Објавено на:
31.05.2019