Категории

Алуминиумската фолија ви го скратува пеглањето дури 5 пати (ВИДЕО)

Алуминиумката фолија секој треба да ја има во својот дом, бидејќи нејзината функција е многу поголема од онаа при подготвувањето на храната и замотување на сендвичи. Таа штеди енергија, ги чисти тенџерињата, ги остри ножиците…

Можеби сте чуле дека некои домаќинки ставаат топчиња од алуминиумска фолија во машината за перење и сушење. Знаете ли зошто? Станува збор за одличен трик поради кој пеглањето е многу полесно и побрзо бидејќи алиштата по перењето и сушењето се помеки па не се толку згужвани. Всушност, алуминиумските топчња помагаат алиштата да се вртат подобро при перењето, а со тоа и го спречуваат создавањето на статичкиот електрицитет при сушењето.

Исто така, некои тврдат дека аллуминиумските топчиња се одлична алтернатива на омекнувачот за облека. Доволно е да ставите две до три топчиња, а направете ги едноставно – земете парче алуминиумска фолија и од него создадете топче со големина на тениското топче.

За брзо и ефикасно пеглање

Ставете парче алуминиумска фолија помеѓу навлаката и даската за пеглање, така што сјајниот дел ќе биде горе. Ова ќе ви го скрати времето при пеглањето бидејќи топлината ќе се рефлектира од фолијата. Сите оние кои го користат овој трик велат дека им го скратува времето при пеглање дури за пет пати – доколку се потребни 15 минути да испеглате една кошула, сега ќе ви требаат само 3 минути.

За острење ножици

Земете парче фолија, преклопете го па исечете го со тапите ножици. Остатокот од фолијата повторно преклопете го и пак пресечете. Повторете го ова неколку пати и ножиците ќе бидат остри како кога сте ги купиле.

Служи и за чистење на лонците

Доколку немате жица за чистење на маснотиите од лонците, земете алуминиумска фолија. Едноставно од неа направете топче и исчистете ги лонците или некоја друга површина на која се наоѓаат наслаги од храна и нечистотии. Одлична е и за чистење на скара.

Прегледи:
438
Објавено на:
20.02.2018