Категории

АМИРА МЕДУЊАНИН ДАРКО РУНДЕК И ЖЕЉКО БЕБЕК СО ЕКСКЛУЗИВНИ КОНЦЕРТИ ВО АВГУСТ ВО ХЕРАКЛЕЈА БИТОЛА ЗА САМО 600 ПОСЕТИТЕЛИ ПО ВЕЧЕР!

Авалон Продукција се потруди да ги исполни желбите и на битолчаните да имаат барем неколку културни настани ова лето, а исто така и на изведувачите коишто ќе настапуваат во Охрид, да настапат и во Битола. Па така, публиката по следниот редослед ќе може да ги види следните артисти во следните денови:

Амира Медуњанин- 08-ми август, почеток 21 часот
Дарко Рундек- 14-ти август, почеток 21 часот
Жељко Бебек- 22-ри август, почеток 21 часот

Покрај нашите пријатели и компании Алкалоид- Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Казино Фламинго- Скопје, Винарија Тиквеш и Божиновски часовници и накит, овие концерти ќе се реализираат и под покровителство на општина Битола, следејќи ги договорените протоколи на Министерството за здравство под кои ќе работиме во наредниот период.

Во продажба ќе бидат пуштени само 600 влезници од концерт, и тоа веднаш од утре преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, Avalon Music & Ticket Store и онлајн на avalon.mk, по цена од 600 денари по концерт. Побрзајте со купување на влезниците бидејќи истите се во ограничен број. Потсетуваме дека носењето на заштитни маски е задолжително за сите посетители и без нив нема да биде дозволен влез на концерт.

Се гледаме во Битола!

Авалон Продукција

Прегледи:
467
Категории:
Шоу-бизнис
Објавено на:
27.07.2020