Уште една титула за македонската убавина! 18годишната неготинчанка Анастасија Божинова ја освои титулата Втора придружничка на изборот за Мис на Евроазија 2022 кој вчера вечер се одржа во прекрасниот хотел Титаник Мардан Палас во Анталија, Турција. Во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија победи претставничката на Бугарија, а титулата Прва придружничка ја освои Мис Казахстан. Преубавата Анастасија е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, кој оваа година се одржа по 17ти пат. Таа на финалето се претстави во креација на Елена Лука, специјално изработена за оваа прилика.